Објавена е снимка од катастрофалната несреќа во Италија во која што загинаа 14 лица (ВОЗНИМЕРУВАЧКО ВИДЕО)

by Тони Зографски

Италијанските медиуми објавија снимки од падот на жичарницата, што се случи на 23-ти мај. Да потсетиме, жичницата падна во северна Италија, при што загинаа 14 лица. Преживеа само 5-годишно момче.

Снимката од надзорната камера трае 19 секунди и ја покажува кабината на жичарницата како се качува нормално. По стигнувањето на врвот, кога треба да се поврзе со станицата, кабината нагло се движи надолу и на крајот се одвојува од јажето и паѓа на земја.

Петгодишно момче е единствениот патник кој ја преживеал несреќата на гондолата.

Другите 14 патници, вклучувајќи ги неговите родители, двегодишниот брат, прадедо и прабаба, загинале.

Неколку службеници на компанијата што стопанисува со жичницата се гонат под сомнение дека намерно го деактивирале системот за сопирање во итни случаи, што требало да ја блокира кабината кога ќе се скине кабелот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com