Главоболката поврзана со ковид-19 се карактеризира со умерен или силен интензитет, пациентите чувствуваат пулсирање или притисок врз слепоочниците, а главоболката се влошува кога ќе се обидете да се наведнете, пренесува „Хелтлајн“.
Според најновото истражување, главоболката поврзана со ковид-19 се карактеризира со умерен или силен интензитет, пациентите чувствуваат пулсирање или притисок врз слепоочниците, а главоболката се влошува кога ќе се обидете да се наведнете, пренесува „Хелтлајн“.
Исто така, истражувањата покажаа дека главоболки се јавуваат кај 11 до 34 проценти од пациентите кои се хоспитализирани поради ковид-19.
Овие проценки ги потврди Светската здравствена организација и Центарот за контрола и превенција на болести, во чиј извештај се наведува дека главоболката е почест симптом кај луѓето на возраст под 65 години. И дека од 55 000 потврдени случаи, главоболки се јавуваат кај 13,6% од пациентите.
Суштинската разлика е во тоа што кај класичната мигрена се јавува осетливост на звук и светлина, што не е случај кај главоболката при ковид-19.
Исто така, главоболката кај ковид-19 обично е придружена со треска, што не е случај кај главоболката предизвикана од мигрена, кластер или висок притисок.
Ако имате главоболка и се плашите дека можеби сте заразени со коронавирус, прво измерете ја температурата и обидете се прецизно да детектирате и други симптоми.
Ако не ви пречи светлината, а имате и треска, болки во мускулите, не заборавајте да се тестирате.