Германската манекенка Хајди Клум предизвика бура од реакции со новото видео што го објави на Инстаграм. Во него, 53-годишната ѕвезда позира топлес на плажа додека ја промовира својата соработка со компанијата Funny-Frisch, уживајќи во чипс на чија амбалажа се наоѓа и нејзиниот лик.
Во видеото Хајди носи само долен дел од бикини, шешир и очила за сонце, додека градите ги покрива со раката и со кесичка чипс. Провокативната реклама е снимена на сончева плажа, со морски бранови во позадина, а во кадар се појавува и нејзиното куче.
Објавата за само неколку часа собра речиси 80.000 лајкови и илјадници коментари.
. Потоа, Хајди објавила уште едно видео од плажата на кое јаде чипс топлес.
Клум ја оствари соработката со познатата компанија откако неодамна откри дека нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, ја охрабрил да ја прифати својата пополна фигура по долгогодишните критики што ги доживувала во модната индустрија.
– Мислам дека со годините изгледаме подобро кога не сме премногу слаби. Мојот сопруг беше првиот што ми го кажа тоа. Ми рече: Треба повеќе да јадеш. Би изгледала подобро ако имаш малку повеќе месо на коските – раскажала Хајди.
Таа додала дека ваквиот совет ретко се слуша во светот на модата, каде што од манекенките постојано се очекува да бидат што послаби.
– Кога ги гледам старите фотографии, си велам: Во право беше! Што се однесува до пропорциите, изгледам подобро кога сум малку пополна – истакнала манекенката.
Воедно нагласила дека нема намера да користи GLP-1 лекови за слабеење, кои во последно време станаа многу популарни меѓу славните личности.
– Воопшто не ме интересира тоа – рекла таа.

