ОБОЖАВАШЕ ЧОКОЛАДИ И ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ: Почина најстариот човек на светот

by Тони Зографски

Јапонката Кане Танака, која беше прогласен за најстарата личност на светот во 2019 година, почина на 120-годишна возраст, пренесува NHK.
Кане Танака е родена во 1903 година. Таа преживеала две светски војни и владеење на пет јапонски императори, почнувајќи од реформистот Меиџи, кој ја претвори Јапонија од феудализам во модерна империја, до неговиот правнук, сегашниот император Нарухито.

Танака живеела во дом за стари лица во јапонската префектура Фукуока и во јануари го прославила својот 119-ти роденден. Жената најмногу сакала газирани пијалоци и чоколадо.
Во март 2019. година, таа беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстар жител на планетата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com