СКАНДАЛ: Обожавател сакал да го допре задникот на Дуа Липа додека правел селфи (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Дуа Липа неодамна настапила во Лос Анџелес, каде камерите снимиле инцидент што се случил кога ѕвездата се приближила до публиката. Дуа сакала да ги поздрави своите обожаватели, па се сликала со некои од нив.

Сепак, посебниот момент со обожавателите бил прекинат од потегот на маж кој несоодветно ја допрел. Мажот бил во првиот ред кога пејачката му се приближила и го прегрнала. Прво ја ставил раката на нејзиниот грб, а потоа ја спуштил пониско, кон нејзиниот задник.
Обезбедувањето кое било до Дуа веднаш ја тргнало неговата рака од пејачката.

Видеото од тој момент стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го осудија однесувањето на мажот.

– Ова буквално ми го превртува стомакот… Дуа само се обидува да се приближи до своите обожаватели, а некои луѓе го сфаќаат тоа на најлош можен начин. Ги мразам таквите луѓе – напишала девојката која прва го објави видеото на X.

https://twitter.com/i/status/1974767012577702393

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com