Обожувателка на Адел, која отпатувала на нејзиниот концерт во Лас Вегас за да го прослави разводот, ја остави пејачката во солзи кога ја откри причината за доаѓањето.
Ребека Феинглос (33) неодамна се развела и го прослави тој настан со тоа што отиде во Лас Вегас со своите пријателки, а целата приказна ја сподели на својот TikTok профил. На концертот на Адел, таа држеше парче хартија на кое пишуваше: „Ми помогна да го пребродам разводот“, и ѝ објасни на пејачката дека го слави разводот.
“Го сакам тоа!” извика Адел, а потоа се расплака на сцената и рече: „Бев многу трогната што ги доведе твоите пријатели“, пред да и се обрати на толпата со неколку важни совети.
“Држете се за вашите пријатели бидејќи тие се подобри од кој било маж или жена. Вашите пријатели се со вас доживотно”, рече таа.
Да потсетиме, Адел се разведе од Сајмон Конецки во 2019 година, а јавно проговори за болното искуство и откри како во тој период се спријателила со Џенифер Лоренс и Никол Ричи, кои ѝ помагале во текот на целиот процес.