Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил „Будуќност Србија“, објави фотографии од селски имот на кој се наоѓа и на кој јаде џимиринки, додека во позадината може да се види казан за за нивно правење.
„Обожавам џимиринки. Уживам во гостопримството на семејството Радиќ тука, на северот од Бачка. Србија е најубавата земја“, напиша Вучиќ.