Ако уплатите 100 денари во обложувалниците дека “Медена земја“ ќе добие Оскар ќе добиете 2.500 денари. Македонскиот претставник кој има две номинации за Оскар, за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм, од обложувалниците доби коефициент 25.00 што значи во моментов не е еден од фаворитите. Нормално, овој коефициент до 9 февруари, кога ќе се одржи доделувањето на Оскарите може да варира.
Обложувалниците најголеми шанси да го добие Оскарот за најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје, му даваат на фимот “Паразит“ од Јужна Кореја, на кој му доделија коефициент од само 1.05.
Што се однесува до другите номинации, филмот “Џокер“ кој се натпреварува во 11 категории добо 17.00 коефициент. Еден од фаворитите за најдобар филм е остварувањето на Квентин Тарантино “Беше еднаш во Холивуд“ чиј шанси се 1.6.
Главен фаворит за најдобра женска улога е Рене Зелвегер со коефицинет од 1.1, додека нејзината најголема конкурентка Скарлет Јохансон има квота 10.00.
Според обложувалниците, фаворит да го добие Оскарот за најдобра машка улога е Хоакин Феникс (1.05) за улогата во Џокер.
Фаворитската улога кај режисерите ја има Сем Мендез за режијата на филмот “1917“ со коефициент 1.6.
Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари (02 часот по средноевропско време на 10 февруара) во театарот Долби во Лос Анџелес.