Принцот Филип ќе биде погребан во сабота на 17 април, а поради корона мерките на погребот ќе присуствуваат само 30 луѓе.
Службата ќе биде одржана во капелата Свети Џорџ на имотот во Виндзор, а кралицата ќе мора да седи одвоено од сите останати присутни членови, со маска на лицето.
Британските медиуми пишуваат дека традиција е кралските членови да се погребуваат во ковчег обложен со олово, бидејќи тоа треба да помогне телото да се зачува од скапување.
Имено телото во ваков ковчег може да се зачува до година дена, бидејќи херметички е затворен и не може да влезе влага во него.
Во времето кога е дизајниран овој ковчег исти таков е дизајниран и за кралицата.