Американскиот дневник New York Post на својата насловна од своето издание објави низа фотографии од Меланија Трамп, облечена само во штикли. Фотографиите настанале пред точно 20 години, во текот на снимањето на јануарското издание за францускиот магазин за мажи Max кој не излегува веќе 10 години.
Сопругата на Трамп тогаш имала 25 години, нејзиното име било Меланија Кнаус, а своите арт-фотографии ги потпишувала како Меланија К. Французинот Але де Басевил бил оној кој тогаш ја сликал Меланија Кнаус
„Меланија беше повеќе од одлична и фантастична како личност и беше многу љубезна кон мене“, вели Бесевил, наведувајќи дека Меланија како модел никогаш не покажала ниту најмал знак за непријатност во текот на позирањето. Тој се осврна на тоа колку на крајот фотографиите испаднале добри.
„Бев прилично изненаден кога ги видов фотографиите, бидејќи испаднаа…. пожешки отколку што мислев дека ќе бидат“, изјави тој.
Инаку, набрзо по овие фотографии, New York Post, објави уште неколку поинтимни фотки.