Утрoво непознат возач со автомобил удри во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Ова го јавува новинската агенција „Ројтерс“. На автомобилот е испрскан слоган против глобализацијата.
Деталите за инцидентот сè уште се испитуваат. Полицијата прегледува црн автомобил, на чии страници е испишано со бела боја „Стоп за глобалистичката политика“, пренесува Мирор.
Од другата страна на возилото е испишана пораката „Проклети убијци на деца и стари лица“.
Десетици полицајци и противпожарно возило беа на местото на инцидентот.
https://twitter.com/i/status/1331531425615581185