Жителите на скопско Црниче бараат помош оти крадци се обидуваат да им провалат по домовите. Иако имаат безбедносни камери, крадците без страв влегуваат во нивните дворови. За вчерашниот случај се објавени
Од снимката се гледа како две лица со маски на лицето и ракавици се прикрадуваат во дворот. Доаѓаат до вратата, ѕвонат, но никој не им отвора. Додека едниот ја проверува околината, другиот се спрема да упадне. Се обидува неколкупати да ја прескокне терасата. Последниот пат, излегува лице од куќата. Тие паничко бегаат.
И ова не е единственото сведоштво.
Жителите бараат помош од МВР, но и од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски.