Во Иран денеска е обесен бизнисменот Хамидрез Бакери Дермани, кој е осуден за „ширење корупција“. Тој беше осуден на смрт по кратка постапка од суд воспоставен да се бори против вакви видови криминал.
Новите исламски револуционерни судови, на чии пресуди нема жалби, освен во случај на смртна казна, основани се во август откако врховниот лидер Али Хамнеи побара „брза и праведна“ акција против корупцијата и профитерството.