Поранешната професорка Британи Замора (28) од Аризона изјавила дека се чувствува виновна поради обвинувањата дека спиела со малолетник (13).
Замора предавала во шесто одделение на Академијата Лас Брикас и била уапсена во 2018.
Во обвинението се наведува дека неколку пати имала сексуални односи со малолетник во училницата, а еднаш по прилика и пред друг ученик кој „држел стража“.
Сѐ откриле родителите на малолетникот со кој спиела.
– Му рековме „само треба да ни ја кажеш вистината“ и му го покажавме разговорот. „Кој е, со кого зборуваш?“ Го прашавме, а тој рече „со професорката“. Тогаш мојот сопруг го праша што прави со неа и дали има врска со неа. А тој одговори „да“ – рекла расплаканата маќеа.
Аферата започнала кога наставничката ја инсталирала апликацијата Class Craft и им кажала на учениците да ја додадат за пријателка бидејќи наводно ѝ било досадно на часовите.
Нејзините пораки до момчето набрзо станале љубовни и почнале да имаат секс, тврди обвинителството.
Тие додале дека парот се допирал еднаш и непримерно во училницата додека другите ученици го гледале видеото.
Во една порака, Замора му испратила на ученикот дека сака „да јаде со него секој ден без престан“. Тие често имале такви разговори преку апликацијата.
Таа во следните пораки му се доверила дека ќе поднесе отказ за да бидат двајцата заедно.
На судењето таа откри дека двапати отишла кај бабата и дедото на момчето за да имаат односи во нејзиниот автомобил додека нејзиниот сопруг ловел риба. Тие имале орален секс пред нејзиниот сопруг да се јави да си одат дома.
Размениле експлицитни фотографии на кои е во долна облека, а момчето често ѝ пишувало љубовни пораки.
Без разлика на се, нејзиниот сопруг е сè уште со неа.
– Нема да зборувам за тоа со вас. Британи е возрасна. Таа е најдобрата, најдобрата личност што ја познавам – изјавил тој за медиумите.
Кога родителите на момчето рекле дека се ќе пријават во полиција, сопругот на Даниел им се јавил и ги молел да не го прават тоа. Тој ја бранел сопругата.
Тие се во врска од својата 16-та година, а во брак се од 2015 година. Немаат деца.
Ѝ се закануваат 44 години затвор, но поради жалбата што ја поднела најверојатно ќе добие 20 години.