На меѓународниот аеродром во Сараево е избегнат инцидент помеѓу припадниците на граничната полиција на Босна и Херцеговина и обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поради одбивање да помине низ редовна процедура за аеродромска контрола.
Инцидентот го потврдил и директорот на граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, кој го пофали професионализмот и реакцијата на припадниците на Единицата на граничната полиција, истакнувајќи дека, сепак, се поминало без проблеми.
–Тие кои доаѓаат во БиХ мора да ги почитуваат законите на БиХ, а не да покажуваат дека се над нив– рече Галиќ.
Тој доададе и дека членовите на Претседателството на БиХ кога патуваат во странство секогаш ги почитуваат законите на другите држави.
Инаку, Ердоган вчера имаше средба со членовите на претседателството на БиХ.
фото: Аваз