Утринава кај охридското Ново Село се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувал службен автомобил од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Според информации до кои дојде 24Инфо, во несреќата три лица се повредени.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата, наведувајќи дека моментално се врши увид на местото на несреќата, а повредените лица се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше планирана работна посета на Охрид.