“На вечерашната седница ја усвоивме Информацијата за набавка на Sars-Cov-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Станува збор за постапка за набавка на 200.000 единечни дози. Ова е нова набавка на дополнителни количини покрај тие од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина. Во завршна фаза сме од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари“, напиша синоќа министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.