Обвинителката Татиана Трајчевска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека обвинителството имало видео снимки на кои прецизно се гледа кои се учесници во нападот на ракометарот Денис Тот и како е дојдено до тешките повреди.
За објавената снимка од настанот, Трајчевска вели дека одговара на настанот, но не е снимка која е обезбедена од обвинителството.
Нашите снимки имаат помало растојание, попрецизно се гледаат дејствијата на секој од учесниците, вели Трајчевска.
Таа вели дека немаат податоци кој ја објавил снимката.