Во Македоније вчера беше постудено отколку на Северниот пол и неговото опкружување. Лапонија и Скандинавија каде се очекува дебел минус во овој период на годината, беа потопли од Македонија и околината, а на југот на Грција беше постудено одколку на северот на Скандинавија.
На Северниот пол беа измерени неверојатно 10 степени плус, додека во Македонија темпрературата падна и неколку степени под нулата.
Како што метеролозите објаснуваат, за оваа појава наречена “климатско лудило“, виновна е ледената воздушна маса од Сибир.
– Ваквото време е резултат на ледената воздушна маса од Сибир која продре од Источна Европа. Затоа на пример, кај градот Мурманску, кој се наѓа во северозападна Русија, на брегот на Баренцовото море, беа измерени четири степени, а на Балканот температурите паднаа и до минус 12 – објаснуваат метеролозите кој истовремено прогнозираат дека од вторник температурата на Балканот ќе се искачи и до 15 степени.