Трета светска војна, катастрофален земјотрес и трет „анти-Крист“, се дел од работите кои ги предвидел францускиот јасновидец Нострадамус во 16 век. Се верува дека тој успешно го предвидел нападот над кулите близначки и доаѓањето на нацистите на чело со Адолф Хитлер.
Нострадамус ги напишан предвидувањата во својата книга во 1555 година именувана Les Propheties, во која напишал 942 кратки песни предвидувајќи ја иднината се до 3797 година.
Доколку им веруваме на зборовите на овој јасновидец, човештвото го очекуваат многу немили настани во блиска иднина меѓу кои и: нуклеарна војна, тешки заболувања, земјотреси, поплави и удар од астероид.