Осло Прајд траеше неколку дена, а низ главниот град беа организирани повеќе настани, а на еден од нив учествуваше и Лубна, младата државна министерка која ја презеде функцијата минатата година. Таа беше прогласена за „Геј мајка 2024“ за време на Прајд, а таа титула се доделува на луѓе кои јавно ги бранат правата на ЛГБТ популацијата.
“Навистина сум благодарна што оваа година ја добив оваа награда овде на Прајд во Осло. Тоа е одличен момент“, рече министерката, која потоа отиде чекор понатаму.
Имено, министерката потоа ја откопча блузата и на присутните им ги покажала голите гради, што го снимиле и камерите.
„Важно е сите да се чувствуваат слободни. Ако сакате да заслужите таква чест, треба да ја дадете својата душа и да не се сфаќате премногу сериозно“, рече таа.
Премиерот Јонас Гар Стере рече дека смета дека е сосема во ред што министерката за култура одлучила јавно да ги покаже градите.
„Лубна е самоуверена, слободоумна и прекрасна личност која со ентузијазам присуствува на културни настани низ целата земја. Таа исто така вчера беше во Осло и мислам дека тоа што го направи беше совршено во ред.“