Норвешката принцеза Марта Луиз неодамна се сврши за нејзиниот шаман, американскиот бизнисмен Дурек Верет. По објавата на среќната вест, двајцата се соочија со бројни закани и грди коментари.
Велат дека се изненадени од количината на омраза, расистичките коментари и ладната реакција на нејзините родители, норвешкиот крал Харалд и кралицата Соња.
За целата ситуација проговорија јавно на Instagram.
„Луѓето немаат проблеми со меѓурасни парови на телевизија, во серии како Бридртон, но одбиваат да помислат дека црнец може да стане член на европско кралско семејство во реалниот живот“, вели Дурек.
Семејството на норвешката принцеза од почеток се противи на нивната врска, а кога шаманот ја побара нејзината рака од норвешкиот крал, не доби одобрение за бракот.
Проговорија и за заканите со смрт кои ги добиваат.
„Размислувам за нашата врска и зошто луѓето имаат толку проблеми со нас, зошто пишуваат пораки со омраза и ни испраќаат смртни закани. Како прво, тоа е затоа што не сакаат да видат црнец во кралското семејство бидејќи во историјата на европското кралско семејство никогаш не ни имало“, вели тој.
„Вториот проблем е што Марта Луиз е жена. Кога маж со сина крв ќе одбере партнерка од друга раса тоа е прифатливо, но ако тоа го направи принцеза, тогаш сите го вперуваат прстот на неа. На нејзините сонародници им е тешко да се носат со тоа“, вели шаманот.
Марта Луиз не очекувала дека Дурек ќе биде храбар и ќе се изложи на напади само затоа што сакаат да ја озаконат врската.
„Знаев дека нема да му биде лесно, но не во толкава мера. Се восхитувам на неговата добрина, но и на одлучноста. Доживеа сешто, ситуации во кои луѓето со мене љубезно разговараат, а него нападно го игнорираат. Имаше и расистички забелешки и отворени напади. Живеев во привилегиран свет и не ни претпоставував дека вакво нешто е можно“, вели таа.