„Среќни сме да објавиме дека пречесниот Маргит Ловизе Холте ќе чиноначалствува на нашата венчавка во Гејрангер на 31 август по церемонијата на венчавка во Норвешка црква. Мајкл Беквит исто така ќе одржи поздравен говор на церемонијата“, рече принцезата. За да можат на свадбата да дојдат гости од целиот свет, парот резервирал неколку хотели во околината. Гостите таму ќе престојуваат во текот на четирите дена на прослава.

На самиот ден на венчавката гостите ќе уживаат во тричасовно возење со брод по фјордот Гејрангер кој ќе ги однесе на церемонијата. По церемонијата ќе следи дочек и забава во норвешки хотел. Гостите ќе ги забавува американскиот бенд Black Eyed Peas. Во поканата пишувало дека нема да биде дозволено фотографирање на венчавката.

За потсетување, Марта Луиз ја напушти функцијата како работен член на кралското семејство пред две години, најмногу поради контроверзните ставови на нејзиниот партнер. Дурек се декларира како бисексуалец и се нарекува шаман.

Во својата книга Spirit Hacking, тој сугерираше дека ракот е избор, препорача вежби за отстранување на „отпечатоците“ од женските вагини оставени од претходните сексуални партнери, а на својата веб-страница продава шкафче од 222 долари наречено „Spirit Optimizer“ за кое тврдеше дека помогнало да го победи Ковид. Сето ова ги крена веѓите во трезната Норвешка. „Тој е измамник, шарлатан и лажго“, рече еднаш колумнистот и хуморист Дагфин Нордбо.

52-годишната Марта Луиз ќе се омажи за Дурек седум години по разводот од нејзиниот прв сопруг, писателот Ари Бен, со кого има три ќерки. Поранешниот пар се венча во мај 2002 година.