Полицаец (32) загина откако во локал во Солун наводно бил прободен со нож во вратот од Норвежанец.
Злосторството се случило вчера, рано наутро.
Според грчките медиуми, било околу 04:30 часот кога полицајците на МАТ – чии простории се наоѓаат веднаш до барот – слушнале врисоци, притрчале да помогнат и го уапсиле 44-годишниот Норвежанец.
Таму дознале дека уапсениот штотуку смртно го ранил нивниот колега.
Убиството се случило откако Норвежанецот (44), по расправија од непозната причина, најпрвин го прободел во ногата кумот на полицаецот со кого бил во кафеаната.
Кога полицаецот се обидел да интервенира и да го заштити својот кум, Норвежанецот го прободел во вратот. Полицаецот починал по неколку минути.
Повредениот кум бил пренесен во болница каде му била укажана помош.
На лице место е извршена истрага, а наредена е обдукција за утврдување на причините за смртта на полицаецот.