Завчера попладне полицијата на Родос уапсила 53-годишен Норвежанец, кој моментално живее во Грција, затоа што пред средно училиште објавил „оглас“ во кој „бара друштво за 15 евра“.
Еден од директорите на Родос Секјурити, тимот за обезбедување, веднаш ги известил родителите за настанот.
“Барам слаба, ниска ученичка која ќе ме придружува на прошетка два часа. Мора да носи бикини и шорцеви. Непушач. 15 евра. Ајде да се видиме пред кафаната во четврток во 13 часот.” се наведува во огласот.
По претресот низ градот Родос, полициски службеници пронашле маж од Норвешка против кого е поднесена пријава за привлекување малолетници заради полови дејствија.
Мажот денеска е изведен во Првостепеното обвинителство на Родос.
„Барав друштво со ученичка бидејќи имам здравствени проблеми“, изјавил тој за време на испрашувањето.