Поранешната ТВ водителка и новинар, сега вработена со Министерството за култура, како асистент на заменик Министерот и односи со јавност, Нора Шаќири-Марковиќ ужива во деновите од својата бременост. Таа пред камерата на Бекстејџ го откри полот на бебето кое го носи и истакна дека ужива во бременоста која со години нетрпеливо ја исчекувала.
Со солзи во очите се потсети и на својот покоен татко Хисен за кого вели дека бил и секогаш ќе остане нејзин херој.