Новак Ѓоковиќ е на пат за Србија откако беше депортиран од Австралија со одлука на Сојузниот суд и претседавачкиот судија Џејмс Алсоп, кој ја потврди одлуката на министерот за имиграција, Алекс Хок, дека тој претставува „закана за здравјето и јавниот ред“.
Во секој случај, голема поддршка за Ѓоковиќ продолжи да доаѓа од Србија. На една од највисоките згради во центарот на градот, популарната белградска кула „West65“, беше истакната огромна порака.
– Ноле, дојди дома, твојот народ те сака , стои на екранот.
Beograd. West 65. pic.twitter.com/D1YB66OJA8
— Zorana_NS (@nszoranans) January 16, 2022