Како што дознава Сител како неофицијална информација е дека во сабота полицискиот час ќе започне во 19 часот попладне и ќе трае до 05 часот во недела и потоа ќе продолжи во недела во 14 часот и ќе трае до вторник до 05 часот наутро.
Сепак ова се неофицијални информации, се чека на одговор од Владата кој заседава денеска од 17 часот.
Инаку, пред два дена Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да трае 58 часа односно да започне во сабота во 19 часот и да трае до вторник до 05 часот наутро. Доколку се случи Владата да одлучи да не биде целосен викенд карантин ова ќе биде прв пат владата да не ја послуша Комисијата за заразни болести.
Извор: Сител