Бројот на потврдени случаи на новиот коронавирус во Грција се искачи на 66, откако вечерва беше потврден 21 нов случај.
Од 66 лица заразени со новиот коронавирус, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и Египет односно 47 членови на групата и четири нивни контакти.
Според Министерството за здравство на Грција, 22 лица се хоспитализирани во болници во Солун, Атина и Патра, еден заразен со Ковид-19 и понатаму е со сериозна пневмонија згрижен во одделот за интензивна нега во Патра, а 43 се во домашна изолација.