-На инфективната клиника се хоспитализирани 64 пациенти, примени се 6 нови пациенти, осум се со потешка слика. Има случај во психијатриската болница во Демир Хисар, преку ИЈЗ во Прилеп е заразен доктор, направен е тест и тој е позитивен, со оглед на фактот дека бил во контакт со колегите, направени се епидемиолошки анкети и прземени се мерки- рече министерот Венко Филипче и потврди дека ќе се затвори Центарот за ментално здравје во Прилеп кој што практично го управува психијатриската болница во Демир Хисар.
Отворена е нова веб-страница coronavirus.gov.mk каде граѓаните ќе можат да ги најдат сите информации за заштита од корона вирус.
Холандија донираше лабораторија и 2.000 тестови за Ковид-19.
Инаку, вкупниот број на тестирања на Ковид-19 досега кај нас изнесува 4.117. Во регионов само Словенија има повеќе направено тестови според бројот на жители.