Според пишувањата на британските таблоиди принцот Вилијам ја изневерил својата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон со нејзината најдобра пријателка Роуз Ханбури и тоа додека таа била бремена. Сомнежот е поголем бидејќи набргу двете другарки го прекинале пријателството.
– Луѓето од кралството ретко дозволуваат новинарите да пишуваат вакви работи за нив. Но, штом има бурна реакција на одредена вест, значи нешто се случило – вели извор за “In Touch Weekly“.
Исто така, изворот веле дека такво нешто не може да се сокрие и само било прашање кога ќе се дизнае. Други пак сметаат дека пријателството меѓу Кејт и Роуз “пукнало“ од други причини.