Неколку минути по 12 часот силен земјотрес со интензитет од околу 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Хрватска. По силниот потрес, следувале два со јачина од околу 4 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на 46 километри од Загреб , повторно во близина на Петриње како и вчерашниот силен потрес.
Според хрватските медиуми земјотресот се почувствувал и во Риека, Вуковар, Сплит, Дубровник…
Овој е 11-ти потрес регистриран во земјата во изминатите 30 часа.
Земјотресот е почувствуван и во Србија.
Фото: Јутарњи