Повисоки цени за сместување, поскапи производи во маркетите и пазарите, на храната и на пијачките на плажите. Македонците кои ова лето ќе летуваат во соседна Грција ќе се соочат со повисоки цени на производите и услугите, но и со уште еден трошок кој досега го немаа.
Сопствениците и менаџерите на плажите во Грција од оваа година наплаќаат за безжичниот интернет кој се користи на плажите. Цената се движи од 1 до 3 евра по лице и истата се однесува само за еден корисник, односно за еден уред во текот на еден ден престој на плажа.
Извор: skopjeinfo.mk