НОВ ГАФ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Бајден се ракуваше со никого (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Камерите го фатија американскиот претседател Џо Бајден повторно дезориентиран, а видеото брзо се прошири на интернет.

Имено, Бајден одржа говор во Гринсборо во американската сојузна држава Северна Каролина. Откако го заврши својот говор со зборовите „Бог да ве благослови“, тој се сврте на надесно и ја подаде раката како да сака да се ракува со некого. Само, „проблемот“ е тоа што во тој момент никој не бил во близина на подиумот! Бајден потоа ѝ сврте грб на публиката, остана така уште неколку секунди, замислен или едноставно изгубен, а потоа се оддалечи од подиумот.

Бајден и пред тој момент ги збуни сите собрани говорејќи во својот говор дека е професор на Универзитетот во Пенсилванија – што не е точно.

Ова не е прв пат Бајден да прави слични гафови откако уште на самиот почеток на мандатот падна по скалите на претседателскиот авион „Ер форс 1“.  Во последниот период се поизразени се менталните гафови на американскиот претседател, кој дури изаспа на еден настан, иако од Белата куќа се обидоа тоа да го демантираат.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com