Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека вториот бран на коронавирус може да го уништи човештвото.
Нетанјаху го претстави ваквиот извештај пред неговата партија Ликуд според кој пак оние што поминале ковид-19 повторно биле тестирани како позитивни.
„Постојат странски извештаи за повторна инфекција. Ако тоа е точно, тоа би значело крај на човештвото“, рече загрижено Нетанјаху.
Нетанјаху и претходно изразувал загриженост поради повторниот бран на Covid-19, сугерирајќи дека ако извештаите од Јужна Кореја за појавување на болеста и по закрепнувањето се точни, тогаш “реалноста е многу покомплексна”.