Видот на коронавирус, кој потекнува од шпански земјоделски работници, брзо се шири низ цела Европа од летото и сега го сочинува мнозинството нови случаи на Ковид-19 во повеќе земји. Во Велика Британија, на пример, тој ги сочинува дури 80 проценти од новите случаи, според Фајненшл тајмс.
Меѓународен тим научници кои работат на следење на вирусот преку неговите генетски мутации опишаа необично ширење на верзијата на коронавирусот, наречена 20A.EU1, во истражувачки труд, објавен во четврток
Нивната работа сугерира дека луѓето кои се враќаат од годишните одмори во Шпанија одиграле клучна улога во пренесувањето на вирусот низ цела Европа, прашувајќи се дали вториот бран што штотуку го погоди континентот може да се намали со подетални истражувања на туристи на аеродромите и другите центри, пренесува Јутарњи.хр.
Генетски потпис
Бидејќи секоја варијанта на вирусот има свој генетски потпис, тој може да се прати до местото од каде потекнува.
„Од ширењето на 20A.EU1, се чини јасно дека мерките за превенција на вирусот честопати не биле доволни за да се запре понатамошното пренесување на нови видови на вирусот ова лето“, рече Ема Ходкрофт, генетичар на Универзитетот во Базел и водич на студијата, која треба да биде објавена во научно списание.
Научните тимови во Швајцарија и Шпанија сега брзо го испитуваат однесувањето на оваа верзија на коронавирусот за да утврдат дали тој може да биде поубиствен или позаразен од другите видови.
Д-р Ходкрофт, сепак, нагласува дека „нема докази дека брзото ширење на овој вид се должи на мутација која го зголемува пренесувањето или влијае на клиничкиот исход по инфекцијата“. Но, таа додава дека 20A.EU1 е различна од која било верзија на вирусот Sars-Cov-2 на кој наишла порано.
„Не видов никаква верзија со таква динамика се додека не ги погледнав геномските низи на коронавирусот во Европа“, рече др. Ходкрофт.
Екипите специјално работат со лаборатории за вирусологија за да утврдат дали 20A.EU1 носи одредена мутација на „шилестиот“ протеин што вирусот го користи за да влезе во човечките клетки, што може да го промени неговото однесување.
Сите вируси развиваат мутации – промени во нивниот генетски код – кои можат да се групираат во нови варијанти и видови. Идентификувана е друга мутација на Sars-Cov-2, наречена D614G, за која се верува дека го прави вирусот позаразен.
Џозеф Фаувер, генетски епидемиолог од универзитетот Јеил, кој не учествуваше во студијата објавена во четвртокот, рече: „Потребни ни се повеќе студии како оваа за да најдеме мутации што пораснаа до голема фреквенција кај популацијата, а потоа со инженеринг да видиме дали вирусот се шири полесно“.
Ризично однесување
Новата верзија на вирусот, која има шест препознатливи генетски мутации, се појавија меѓу земјоделските работници во североисточна Шпанија во јуни и брзо се шири меѓу локалното население, се вели во студијата.
Тања Стадлер, професор по компјутерска еволуција на ETH Zürich, која е дел од проектот, рече дека анализата на примероците од вируси земени од цела Европа во последните неколку недели покажала дека тие потекнуваат од истата варијанта.
„Можеме да видиме дека вирусот е увезен неколку пати во неколку земји и многу од тие увози се шират низ населението“, вели Стадлер.
Ињаки Комас, раководител на конзорциумот SeqCovid-Шпанија, кој го проучува вирусот и коавтор на студијата, додаде: „Една верзија, потпомогната од првичниот настан за супер-експанзија, може брзо да стане широко распространета“.
Истражувачите заклучија дека „ризичното однесување“ на туристите во Шпанија – како што се игнорирањето на упатствата за социјална дистанца – што „продолжува да се случува“ помогна во ширењето на новиот вид на вирус.
Студијата открива дека новата верзија на вирусот претставува повеќе од осум од десет случаи во Велика Британија, скоро исто толку во Шпанија, 60 проценти во Ирска и до 40 проценти во Швајцарија и Франција, според Фајненшл тајмс.
Строгите карантини во пролетта помогнаа да се стави првичниот бран на Ковид-19 под контрола, со нови случаи значително намалени во текот на летото. Но, вирусот се рашири брзо низ цела Европа во последните неколку недели во возобновување што ги принуди националните лидери да воведат нови болни ограничувања на социјалните активности.