Шесте лица се уапсени под сомнение дека околу 23 часот во ресторанот „Панорама“ во Младеновац до смрт го претепале Душан А. (47). Според неофицијални информации на „Блиц“, убиениот Душан во моментот на нападот бил во кафеаната со својот син и кумот, а кавгата со крволочната банда започнала поради музика, поточно зошто тој сакал да порача песна за роденденот на синот.
Брутално претепаниот маж починал еден час по нападот од удар во главата. Наводно, еден од напаѓачите го удирал со шише.
Убиениот маж во Младеновац е познат како Дуле Пежо, затоа што во тоа место држел автосервис.
Осомничените во полиција ќе бидат задржани до 48 часа. Полицијата и обвинителството ги истражуваат сите околности за страшниот напад, јавуват српски медиуми.