Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг.
Од 25.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 84,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 55,163 (денари/килограм)