Kако што истакнуваат експертите, сè уште не се знае доволно за коронавирусот. Секојдневно се пријавуваат нови симптоми, рани знаци на инфекцијата на овој опасен вирус, а неодамна, научниците од Универзитетот во Барселона направија уште едно откритие.
Неодамна, експерти од Универзитетот во Барселона рекоа дека 70 проценти од луѓето кои се разболеле од ковида-19, во најраните фази, се пожалиле на сув нос. И дури тогаш нивното чувство за мирис и вкус целосно исчезна.
Научниците претпоставуваат дека губењето на мирисот кај ковид-19 е поврзано со исклучување на пехарските клетки, кои помагаат супстанциите одговорни за мирис да се „лепат“ на соодветните рецептори. Поради тоа, се јавува сушење на мукозната мембрана.
Важно е дека сувоста во носот останува кај пациентот приближно ист период со губење на мирис.Во просек, тоа е од осум до дванаесет дена, а потоа постепено се враќа во нормала.