Новите истражувања на шведскиот институт Каролинска и универзитетската болница Каролинска покажуваат дека многу луѓе со благ или асимптоматски случаи на коронавирус имаат имунитет со посредство на Т-клетки.
“Т-клетките се еден вид бели крвни клетки кои се специјализирани за препознавање на клетки заразени со вирусот и се суштински дел од имунолошкиот систем. Напредните анализи ни овозможија детално да го мапираме одговорот на Т-клетките за време и по инфекцијата со коронавирус. Нашите резултати покажаа дека приближно двапати повеќе луѓе развиле имунитет со Т-клетки, во споредба со оние кај кои можеме да утврдиме антитела“, рече Маркус Бугерт, доцент на Центарот за инфективна медицина во Каролискиот институт и еден од водечките автори.
Во оваа студија, истражувачите извршиле имунолошки анализи на примероци од повеќе од 200 луѓе, од кои многумина имале лесни или никакви симптоми на коронавирус. Студијата опфатила пациенти од универзитетската болница Каролинска и други пациенти, како и нивните асимптоматски членови на семејството. Вклучени се и здрави донатори на крв кои донирале крв во периодот од 2020 и 2019 година.
Додаваат и дека пациентите со тешка клиничка слика развиле силен имунолошки одговор.
„Нашите резултати покажуваат дека имунитетот на јавноста кон Ковид-19 е веројатно значително поголем отколку што покажале тестовите за антитела. Ова е многу добра вест од јавното здравство“, рече професорот Ханс-Густаф Лjунгрен од Центарот за инфективна медицина.
Анализите на Т-клетките се посложени за извршување отколку тестовите за антитела, така што тие во моментот се вршат само во специјализирани лаборатории, како што е оној во Центарот за инфективна медицина при Каролинската институција.
„Сега мора да се направат поголеми и надолжни тестови и на Т-клетките и на антителата за да се разбере колку е траен имунитет и како се поврзани овие различни компоненти на имунитет на коронавирусот“, рече Маркус Бугерт.
Резултатите од ова последно истражување сè уште не ја поминале стручната верификација. Додека се чека прегледот, студијата беше објавена на официјалната веб-страница на Институтот Каролинска.