Откако неколку жени го обвинија Кристијано Роналдо за силување, се јави и неговата поранешна девојка, манекенката Џезмин Ленард која фудбалската ѕвезда го нарече психопат.
“Имам стотина негови пораки во кои се смее додека зборува како психички ја злоставува мајката на своите деца и се однесува како ѓубре кон неа. Пораки за тоа како ја изневерува и ги опишува своите сексуални освојувања, приказни слични како на Мајорга. Длабоки разговори во кои признава дека има сериозни психички прблеми и каде ги открива сите лаги околу своите деца и нивните мајки. Тој е насилник и лажго. Неговиот живот е лага. Ми рече дека ќе ме киднапира, исече на парчиња, ќе ме стави во вреќа и ќе ме фрли во река доколку сум со некој друг. Еб*н психопат”, пишува Џезмин кој со Роналдо беше во врска пред 10 години, но тврди дека последните 18 месеци повторно била во контакт со него.
Инаку, преку Твитер, Џезмин ја повика Кетрин Мајорга, жената која тврди дека Роналдо ја силувал пред девет години, да ја контактира со цел нејзините адвокати да ѝ понудат помош во докажување на обвиненијата.