По изненадувањето кое ни го приреди јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со песната „Македонско девојче“, на самиот ден од дочекот на Новата година, денеска не воодушевува со уште една негова изведба. Овој пат Јапонецот ја отпеа „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот Јонче Христовски.
Неговиот голем пријател македонскиот тенор Благој Нацоски вели дека Казухиро песните ги снима во Токио и дека тој е голем пријател на Македонија.