Гурманско чудо наречено Хамбурек кое се појави во Србија стана хит изминатите денови, но мислењата се поделени.
Иако бурек со плескавица се прави во Бор повеќе од 10 години, благодарение на една фотографија, цела Србија слушна за тоа.
Авторот на фотографијата која стана хит, Давид Катаниќ вели, не очекувал дека фотографијата на хамбургерот ќе стане вирална.
Се започнало кога тој испратил фотографија да убеди други дека „бурекот со плескавица“ навистина постои.
– Пријателот е тој што ја објави фотографијата на Твитер. Фотографијата „експлодира“, никој не го очекуваше тоа – рече Давид.
Како е можно бурек со плескавица да постои толку многу години, а сега да се дознае вели дека веројатно затоа што тоа не е нешто што е на официјалното мени.
Тој објасни продавачите се подготвени да стават се што ќе ви падне на ум во бурекот како гарнир, исто како плескавица, можете да нарачате бурек со ајвар и други додатоци.
Патем, хамбурекот е создаден доста спонтано, пред повеќе од една деценија. Младите се враќале дома од ноќно излегување, па застанале покрај локалот и на некој му текнало да нарача бурек со плескавица, а останатото е историја.