Во породилиште во Бразил, бебе сите ги оставило без зборови откако се родило! Имено, новороденчето го запрепастило медицинскиот персонал во родилната сала, веднаш покажувајќи го својот силен карактер.
Веднаш по породувањето, медицинската сестра се обидела да го капе бебето, но таа „цврсто решила“ тоа да го избегне и веднаш се оддалечила! Додека акушерката ја држела во раце, борбеното девојче ги испружило нозете и зачекорило напред, обидувајќи се да се ослободи. Првите чекори ги направила во болница во Санта Круз, во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул.
Видеото од оваа необична ситуација од породилиштето е создадено пред пет години, а и денес е на социјалните мрежи и успева да го насмее и разнежни речиси секој што ќе ја погледне.
– Господи, девојчето оди. Се обидов да ја избањам, а таа постојано бегаше од мене – рекла изненадената бабица.