-Има тренд на намалување, но има и варијации во изминатите денови. Она што на некој начин е добро што најголемиот број новодијагностицирани пациенти со ковид-19 се во врска со точно утврдени настани. Па така на пример, еден кластер е поради погреб кој бил одржан во Тетово, а другите случаи од Скопје биле поврзани со семеен настан кој бил одржан во околината на Скопје, рече Филипче.
Засега немаме стриктна препорака за дополнително скратување на полицискиот час,.
– Ја пратиме состојбата. Доколку треба, ќе го предложиме тоа до Владата, но засега не – рече Филипче.
Тој рече дека во контекст на скринингот на населението, од утре ќе почне тестирањето за коронавирусот на вработените во градинките. Станува збор за околу 2.000 вработени во градинките, за кои Филипче очекува дека можат да бидат тестирани за една недела.
– Пред нас е еден мирен период, видливи се резултатите од рестрикциите, така што сите овие мерки кои досега беа на сила ги дадоа овие резултати. Пред нас е период кој може да се изменаџира од страна на здравствениот систем. Има мали варијации во изминатите неколку денови, но сите тие се поврзани со одредени настани – рече Филипче.