Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат, Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1)