Остануваат скапата и евтината тарифа, но цената на струјата за домаќинствата се зголемува за 7,5 отсто– објави порталот фактор.мк. Одлуката за поскапувањето ќе ја соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика денеска во 13 часот.
Зголемувањето го бараат енергетските компании, а споредбата на официјалните податоци од предлог-одлуките за новите и постоечките цени, сите достапни на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика покажува дека домаќинствата ќе плаќаат за 7,5 проценти поскапа струја. Сепак во текот на вчерашниот ден беа реазгледувани жалбите од компаниите и ако е усвоена некоја од нив, можно е процентот минимално д аварира.