Регулаторната Комисија за Енергетика објави дена од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се зголемат.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.19%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90.50 денари.
Зголемувањето на цената на дизелот е позначително – дизелот ќе поскапи за 2.50 денари и еден литар дизел ќе чини 83.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.