Од полноќ цените на бензините одат нагоре за денар. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82,5 денари за литар, два денари поскап ЕУРОСУПЕР БС-98. Цените на дизелот и на екстра лесното не се менуваат, а мазутот поевтинува.
Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати за зголемуваат за 0,34 проценти.
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС95 – 82,50 денари за литар;
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС98 – 84,50 денари за литар;
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,50 денари за литар;
– Мазут М-1 НС – 41,3 денари за килограм.