Две нови фотографии на поранешниот премиер Никола Груевски како шета низ Будимпешта се објавени на Твитер.
„Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се шеташе низ Будимпешта во понеделникот, на последниот ден од Велигден. Тој гледаше реклами во една агенција за недвижности“, пишува твитер-корисникот, извесен Бен Фолди, кој ги објави фотографиите.
Автор на фотографиите е Душица Томовиќ од „Балкан инсајт“.